АЕГЕЕ – Скопје припрема мал курс за Летните Универзитети. Се што те интересира во врска со нив, како: што претставуваат тие, историја, видови Летни Универзитети, апликации, партиципација, искуства на членови и многу други информации… Не се двоумете да ја изберете омилената европска дестинација за ова лето и да поминете незаборавен двонеделен одмор со друго 30 студенти, АЕГЕЕ членови, од цела Европа.
Место и време: Правен факултет „Јустинијан Први“, 20ти април, 14 часот!
Бидете таму!


Главниот настан (свирка/концерт/перформанс) од проектот Пролетен Ден во Европа 2010 со мотото „Хуманост и борба против сиромаштијата и социјалната исклученост“ кој традиционално по 8ми пат се случува и во Република Македонија.
Листа на изведувачи:
Се разбира не по редоследот во кој се напишани тука, затоа бидете таму да ја покажеме нашата хуманост и да се забавуваме!!!!
Програма од 10 до 14 часот
* Ritmofan
* Сценски изведби на Оркестар бб-студенти од ФДУ
* Димитар Влахов
* Златен Стремец
* Дебата
* С.У.Г.Ц. Георги Димитров (драма и шансони)
Програма од 14 до 01 часот
* Darko Stepic
* Hypertech
* Stop the pigeon
* In Vitro
* Naked dudes
* Generiss
* Hideout
* Random
* Alien Perspective
* Daruma
* Швалери
* Guess What
* Mindshot
* Школски бенд (С.У.Г.С. Никола Карев)
Ве известуваме дека на ден 23.02.2010 и 24.02.2010, на правниот факултет во Скопје, Јустинијан Први, во новинарска предавална од 11:30 часот, на предавањата по предметот „Право на информатичка технологија„ кај професор доктор Гоце Наумовски, НВО Правосудна мрежа ќе одржи работилница во врска со начинот на користење на нивниот најнов проект „Правен Ресурсен Центар„
Иста таква работилница ќе се оддржи на 26.02.2010 на правниот факултет
во Велес од 13:00 часот. Работилницата се одржува во соработка со Аегее-Скопје.
www.pravosudna-mreza.org.mk
Меѓународниот ден за борба против корупцијата, 9 декември, одбележувајќи го со поставување на паноа пред факултетите, претставува одлична можност за сите студенти да го искажат своето мислење за образовниот систем со цел да се влијае на јавната свест и да се придонесе за намалување на корупцијата како и на перцепцијата на корупцијата во образованието.
Квалитетното високо обраозование претставува клучна карика за подобар и поздрав општествен систем. Образование без корупција е основниот модел за кој се залага проектот „Антикорупциски мерки во образованието“ финансиран и подржан од Владата на Кралството Норвешка заедно со студентските организации, ЕЛСА И АЕГЕЕ-Скопје. Повеќе…

На ден 05.12(Сабота), АЕГЕЕ-Скопје во соработка со проектот Антикорупциски мерки организираше интерактивна работилница. Целта на оваа работилница беше преку забавни игри да се вклучат граѓаните во борбата против корупцијата, да го изразат своето мислење и на еден симболичен начин да придонесат за подобро општество за сите. Повеќе за оваа вест тука.