1
ДОМА ЗА НАС БОРД ПРОЕКТИ ЧЛЕНОВИ ГАЛЕРИЈА КОНТАКТ
1
1
1 1
1
Спонзори
1
1
1
1
1
 
 
 
1
Забава во т-клуб

           Оваа година традиционално АGEE-Скопје го оддржа 13 ттиот по ред летен универзитет. Од 9 тти до 22 ри јули 2008 година, и беше домакин на 23 млади луѓе од 16 земји од Европа и тоа: Украина, Чешка, Турција, Словенија, Шпанија, Холандија, Полска, Русија, Франција, Унгарија, Италија, Хрватска, Германија. Во текот на двете недели престој во Скопје, Охрид, Битола, Преспа и Ресен, учесниците имаа можност да јаследат програма која се состоше од неколку дела и тоа:

  • Разгледување на градовите

           Беа посетени најзначајните места за историјата и културата на Република Македонија (дел од нив: Скопското Кале, старата чаршија, Универзитетот Св “Кирил и Методиј”, Плаошник, Св.Наум, манастирот Св “Јован Бигорски”, Света Софија, Св.Јован Канео, куќата на семејството Робевци, манастирот во Курбиново, керамичката колонија во Ресен).
           Посетитте на овие места беа збогатени со професионални предавања за историјата на Република Македонија и градовите кои беа посетени, нивните карактеристики, народите кои живеат во земјта, религиозната структура на нселението, типичните Македонски занаети, народната музика како и се разбира нашата типична кујна и носија. Беше одржан час за македонскиот јазик, па сите учесници ја научија азбуката и научија да читаат.
           Тие истотака  уживаа во музиката на Тоше Проески, чија песна “Македонија навива” беше прогласена за хит на Лeтниот Универзитет, филмовите на Милчо Манчевски, сликите на Кираца Висулчева. Се разбира ниту еден оброк не помина без нашата шопска салата како и Скопско пиво за вечерите.

  • Работилници

      Оваа 2008 година беше означена од Европскиот Парламент и земјите членки на Европската Унија како “Европска година на интеркултурниот диалог” кој како  принцип од секогаш бил поддржан од Европската Унија  и нејзините институции. Република Македонија како мултикултурно општество има доволно искуство на тоа поле кое може да го понуди на цела Европа, а еден ваков културолошки различен настан е добра можност за споделување на тие искуства. Во тој контекст учесниците на летниот универзитет земаа учество во 7 интерактивни работилници и тоа:

  1. Комуникациски вештини- на учесниците преку неколку практиични вежби им беа истакнати некои од најчестите грешки кои се прават при комуниккација а кои најлесно водат до конфликт. Посебно внимание беше посветено на вербалната и невербалната комуникација.

  2. Различност- Целта на оваа работилница беше да се предочи какво е влијанието на предрасудите и стереотипите кои водат до дискриминација а со тоа ја оневозможуваат ефективната комуникација.

  3. Мултикултурна толеранција- целта беше да се зголеми свесноста на учесниците за односот, емоциите, т.е начинот на нивното искажување, навиките, како и другите карактеристики кои ги носиме во себе  а кои во голема мера се културолошки детерминирани.

  4. Справување со конфликти- неколку практични вежби како и теоретски инпут чија цел беше да се истакне важноста од спречување на конфликти како и нивно мирно и ненасилно решавање.

  5. Младинска мобилност - учесниците дискутираа и споделија искуства кои во иднина би можеле да помогнат на младите за зголемување на мобилноста како и укинување на виза режимот.

  6. Европски диалог - оваа работилница имаше форма на дебта за поволностите и негативностите на младите од земјите членки на Евроската Унија како и оние кои се стремат кон членство во истата.

  7. Корупцијата во високото образование - оваа работилница беше одржана од претставници на проектот “Антикорупциски мерки во образованието” како дел од соработката со АЕГЕЕ-Скопје со имплементаторот на овој проект - Секретаријатот за Европски прашања при Владата на Република Македонија. Целта беше да се овозможи трансфер на искуства за искоренувањето на корупцијата во високото образование како и brainstorming на ефикасни идеи на тоа поле.

    • Забави

     Вечерните часови беа исполнети со незаборавни забави. Посетени беа многу кафулиња, дискотеки, карактеристични забави со плех музика, се одржаа повеќе забави на плажа, Евровизија, Европска вечер, како и се разбира, моментот што беше прогласен за најдобар на летниот универзитет- целовечерна забава на брод.

           Речиси повеќе од половина учесници останаа во Скопје и по завршувањето на Летниот Универзитет. Сите беа воодушевени од природата во Македонија. Охридското езеро беше посебно доживување, бидејки како што рекоа- “ добивме впечаток дека сме на море а не на езеро”. Сосем изненадени беа од љубезноста на народот како и енергијата на младите со кои се среќаваа во текот на двете недели. Општиот впечаток беше дека Македонија има прекрасно овошје и зеленчук. Возењето на трактор како и купувањето по пазарите се само дел од работите кои предизвикаа воодушевување.
Од целиот Летен универзитет се направени доста слики како и видео клипови кои ќе ги најдете во галеријата.

1